Алатки за анкета
 
 
 

Се' започнува со нашиот составувач на анкети

Процесот на составување на анкети започнува со составување на првото прашање и, потоа, логично додавање на прашањата, едно по едно.

Процесот на составување на анкети е направен да биде едноставен и директен, но сепак да содржи повеќе можности за составување. Овој пристап дозволува креирање на повеќесложни проекти за кус временски рок.

цени

Прегледајте ги прашањата од анкетата пред да ги зачувате.

При креирање или ажурирање на анкетното прашање, на дното на страницата ќе најдете рамка којашто прикажува како би требало да изгледа прашањето во конечната верзија на различен тип на уреди. Активниот дизајн на Вашата анкета е веќе прикачен.

Низ процесот има и функции за прегледување, коишто ќе Ви го олеснат зачувувањето на квалитетот на дизајнот низ целиот процес.

цени

Преведете ги и локализирајте ги Вашите анкети.

Креирајте повеќе јазични верзии од истата анкета или направете посебна анкета за Вашата јазична верзија.

Вметнете ги соодветните фрази во полињата и зачувајте ги. На овој начин, Вашите приматели ќе добијат можност да ги изберат прашањата на јазикот на којшто би сакале да одговорат.

Постои можност да составите посебна анкета врз основа на веќе постоечката. Избирањето на оваа можност ја отвора Преведувачката конзола којашто обезбедува соодветен начин за преведување на веќе постоечката анкета и, конечно, зачувување на датотеката со анкета со цел понатамошно вметнување во системот. Исто така, на овој начин можете да направите повеќе измени според личните преференции во однос на секоја анкета.

цени

Додајте ги или внесете ги Вашите приматели на едноставен начин.

За да организирате дистрибуирање на анкетите помеѓу Вашите приматели, имате можност да регистрирате или внесете приматели директно во Examinare.

Регистрирањето на примателите е линеарен процес којшто подразбира внесување на основни информации како име, email адреса, датум на раѓање итн. во соодветните полиња. Примателите се вметнуваат во групите од страна на корисникот за коректна дистрибуција и попрецизна и подлабока анализа.

Внесувањето на примателите е организирано преку симнување на Excel образец во соодветниот оддел, префрлајќи ги потребните информации во него и внесувајќи ги назад во Examinare системот. Examinare потоа ја анализира содржината и од неа ги оформува групите со примателите.

цени

Поканете преку СМС.

Процесот на испраќање анкети преку СМС е краток и брз. Истиот се состои од пишување текст од пораката и локализирање преку избирање на група на приматели или преку избирање на одделен примател и одредување на термин на испраќање на СМС пораката.

СМС испраќањето функционира согласно СМС кредитите коишто мораат да бидат нарачани пред да испратите покани. Линкот кон анкетата е автоматски вклучен во СМС пораката.

Ние ги поддржуваме сите карактери од сите јазици во светот во текстот на Вашата порака.

цени

Поканете преку e-mail.

Активирањето на анкети преку email пораки не е многу поразлично од пишувањето на една email порака на кој било од Вашите контакти преку вообичаениот email сервис.

Се' што треба да направите е да го внесете насловот на email пораката, да ја изберте групата на приматели или одделните респонденти и да го одредите терминот на испраќање.

Нема ограничувања во однос на бројот на email пораки што можат да бидат испратени во исто време. Сепак, ние спроведуваме процес коишто ги одложува Вашите email пораки, од неколку секунди до неколку минути, коишто се упатени кон истата компанија. Тоа ги спречува SPAM филтрите да ги протераат Вашите email пораки.

цени

Креирајте pop-up на веб страница.

Нема ништо полесно од креирање на прозорче со покана за анкета (познато и како pop-up прозорче) за Вашите веб страни. Истото не е ограничено од страна на pop-up блокаторите или антивирусите, така што може да биде слободно искористено на која било веб страна или електронски уред кој поддржува визуелни содржини.

За да го креирате pop-up прозорчето, потребно е само да го изберете дизајнот на прозорчето и да ја напишете содржината во пораката-покана. Потоа, преку притискање на копчето „Прикажи“, се генерира и прикажува JavaScript кодот. Само ископирајте го, пренесете го на Вашата веб страна и pop-up прозорчето ќе биде готово! Истото ќе се прикажува автоматски, по еднаш на секој посетител на веб страната.

цени

Основното и напредното известување се поедноставени!

По секој примен одговор од анкетите, графиците и табелите во Examinare одново се ажурираат и пресметуваат за да можете во секој момент да бидете сигурни во Вашата пресметка со тоа што ќе добиете увид во најновите резултати.

Одделот за резултати и табели содржи многу корисни аналитички функции, како филтрирање на резултатите според различни параметри, ексклузија на одговори, накрсно табулирање, проверка на одделни одговори, анализа на слободен текст итн.

Општите или филтрираните резултати можат да бидат изложени во професионални извештаи и симнати во најпознатите формати на датотеки како Word, Excel, PDF или RAW Data.

цени

Направете креативен дизајн!

Дизајнот на анкетите е делот од Examinare којшто подлежи на слободна конфигурација. Ова значи дека секој дел од дизајнот може да биде променет или одново направен според Вашите потреби. Менувањето на логото, боите на прозорчето на анкетата и неговите елементи, големината на фонтот, текстот и линкот на почетната страна и Благодарам страната се параметрите за кои се потребни само неколку притискања на глувчето.

Дополнително, менувањето на кој било елемент на дизајнот коешто не може да се направи преку интерфејсот може да биде изведено или направено со помош на Центарот за поддршка на корисници.

цени

Интегрирајте се и поврзете се со Вашите системи.

Examinare can be extended with help of its API connection. Examinare API can be fully integrated into any third party CRM or back-office system.

Rich library of functions gives developers the freedom and tools to automate survey invites, extract the necessary recipient data and votes.

We were the first in the industry with a strong API connection and over millions request to our API are made every hour.

цени