Креирајте прозорец за покани за веб страници

3. За да поканите инвеститори за веб страници на Вашата веб страница, можете да ја користите нашата готова Pop-up рамка. Оваа функционалност се разликува од обичната Pop-up бидејќи не е ограничена од Antivrirus и Popup блокатори.
Започнете со тоа што ќе ја објавите Вашата анкета во „Режим за објавување“. Преминете кон „Анкети“->„Ажурирај“ на анкетата којашто сакате да и' го додадете pop-up прозорчето и притиснете на „Достави“. Тука ќе најдете опција којашто се вика „Алтернативен (JavaScript) Pop-up.“
Започнете преку избирање на боја и стил преку притискање на различните стилови. Штом ја пронајдете бојата што ја сакате, треба да составите порака којашто ќе ја видат вашите респонденти кога ќе ги поканите да учествуваат во анкетата. Ова може да вклучува датотеки во прозорчето за пораки.
Кога ќе сметатае дека прозорчето за покани е спремно за активирање, притиснете на копчето „Прикажи“ за да го добиете кодот што треба да го внесете во Вашата веб страница. Прозорчето за покани ќе се прикаже само еднаш за секој посетител на веб страницата. Доколку Ви е потребна помош при прилагодување на текот или дизајнот на стандардното прозорче за покани, Ве молиме да го контактирате нашиот тим за поддршка.
Важна забелешка: Можно е да се појави предупредување додека додавате слики во полињата за уредување. Ова предупредување е вообичаено и може да слободно да се игнорира. Доколку Ви е потребна каква било помош, Ве молиме контактирајте го нашиот тим за поддршка.