Креирај СМС конектор

Префрлете се на „Подесувања“->„СМС-конектори“ и притиснете на зеленото копче означено со „Креирај ново“. Таму треба да ја внесете фразата којашто сакате системот да ја резервира за Вашите Магична анкета или Анкета и да пристиснете на копчето означено со „Пребарувај“.

Сега ќе Ви бидат претставени телефонските броеви коишто се активирани и бесплатни за користење на Вашата СМС фраза. Доколку внесената фраза не е достапна, ве молам пребарајте повторно или контактирајте го Examinare тимот за продажба за да го нарачате Вашиот сопствен СМС број.

Кога ќе ја добиете комбинацијата што сакате да ја користите, притиснете на знакот „+“ за да го додадете во Вашата листа.

Сега ќе Ви бидат прикажанидостапните СМС фрази во Вашиот профил преку преместување кон „Подесувања“-> СМС-конектори. За да ја поврзете СМС фразата, притиснете на Поврзи и потоа изберете дали сакате да вклучите Анкета или Магична анкета.

Изберете го името на Анкетата/Магичната анкета и ако изберете да ја поврзете Анкетата, тогаш ќе можете да ја додадете фразата којашт со одреден линк ќе биде испратена назад кон респондентот.

За да ги искористите СМС конекторите во Анкетите, ќе треба да нарачате СМС-кредити од Examinare. Пристапете во Вашиот профил во нашата Зона за потрошувачи за повеќе информации.