Креирај/ Ажурирај анкета

ЗА ДА КРЕИРАТЕ НОВА АНКЕТА, СЛЕДЕТЕ ГИ ДОЛУНАВЕДЕНИТЕ ЧЕКОРИ:

Започнете преку притискање на „Анкети“ на менито, притиснете на „Креирај нова анкета“ на менито. (Погледнете го делот за „креирај“ подолу)

Доколку сакате да додадете ново прашање во веќепостоечка анкета, треба да навигирате кон „Анкети“->„Ажурирај“ на анкетата којашто сакате да ја ажурирате.

Пополнете го името на Вашата анкета. Името нема да биде видливо за пополнувачите. Потоа изберете го Вашиот метод на одговарање според инструкциите подолу:

ПРАШАЊЕ СО ПОВЕЌЕ ОПЦИИ (1 МОЖЕН ОДГОВОР)

„Прашања со повеќе можни одговори (1 можен одговор)“ ќе им понуди на Вашите респонденти повеќе одговори од коишто тие ќе можат да изберат само еден. Внесете ги можните избори во полето „Опции (1 во секоја низа)“.

Доколку сакате респондентите да можат да внесат некаков текст при користење на опцијата „Друго“, тогаш можете да активирате 1 избор на слободен текст преку избирање на опцијата во полето означено како „Слободен текст“.

ПРАШАЊА СО ПОВЕЌЕ МОЖНИ ОДГОВОРИ (НИЕДЕН ИЛИ ПОВЕЌЕ МОЖНИ ОДГОВОРИ)

Доколку сакате Вашите респонденти да можат да изберат повеќе од еден одговор на одредено прашање, можете да го користите овој метод на одговарање. Овој метод на одговарање по дифолт им дозволува на Вашите респоденти да го прескокнат прашањето.

Доколку сакате да комбинирате опции со поле за слободен текст, можете да го проверите полето за слободен текст во долниот дел од дијалогот.

Доколку сакате да ја деактивирате можност за прескокнување на прашања од овој тип, од страна на Вашите респонденти, можете да ги додадете овие подесувања преку притискање на „Напредни подесувања“ во менито за ажурирање и преку активирање на опцијата „Нема можност за празни одговори кога прашањето е задолжително.“

ПРАШАЊЕ СО СЛОБОДЕН ТЕКСТ

Овој метод на одговарање им дозволува на Вашите респонденти да пишуваат одговори со слободен текст.

Ве молиме имајте го предвид информативниот текст којшто е прикажан во овој оддел.

OSGOOD-СКАЛА (СКАЛА СО ДОПОЛНИТЕЛНИ СООДВЕТНИ ЕЛЕМЕНТИ)

1. Osgood скалата обично се користи во прашања за вредности и мислења, пред се за да се добие идеја за тоа како размислуваат респондентите за одреден бренд. За да го користите ова прашање, потребни Ви се минимум 2 реда на -/+ полињата и избирање на скала помеѓу 3 и 7/

Доколку сакате да составите анкета за прашања кои ќе се однесуваат на тоа колку им се допаднала поддршката за потрошувачи на луѓето итн., тогаш можете да искористите една друга можност- Скала на градиенти. Запомнете дека Osgood се користи само за луѓе кои се запознаени со одговарање на ваков тип на прашања.

СКАЛА НА ГРАДИЕНТИ

Скалата на градиенти ви овозможува поставување на прашања како: „Што мислите за нашата...“ и ги коминира ваквите прашања со скала на градиенти кадешто Вашиот респондент може да ги оценува различните оддели во Вашата компанија. Се разбира, можете да поставувате и други прашања преку ваквиот метод за одговарање.
Прво, изберете го точниот број на „скала помеѓу дополнителни делови“, а потоа внесете најмалку 2 опции во „Опции (1 за секој ред).“

3. ИНСТРУКЦИИ

Инструкциите не се одговори на прашањата. Овој метод на одговарање прикажува една целина од текст преку којашто можете да ги информирате Вашите респонденти. Тоа е навистина корисно кога опишувате некое покомплексно поле во Вашата анкета пред да продолжи респондентот.

ПРАШАЊА СО СЛОБОДЕН ТЕКСТ (ВНЕСЕНИ СЕ ПОВЕЌЕ МОЖНИ ОДГОВОРИ)

5. Овој метод на одговарање ќе Ви помогне да креирате сет од целини со слободен текст во коишто ќе можете да го поставите одговарањето како задолжително или незадолжително.