Преведете ја Вашата анкета на друг јазик.

Examinare анкетната алатка Ви овозможува да креирате различни јазични верзии од истата анкета. За да започнете со превод на Вашата анкета, притиснете го копчето означено со „Преведувај“ во левото мени.

Постојат две достапни за спроведување на задачата. Внимателно изберете ја онаа што Вам ви одговара.

Креирајте нова јазична верзија во истата анкета.

Доколку сакате да им овозможите на Вашите респонденти да добијате можност да изберат со која јазична верзија од Вашата анкета ќе учествуваат, тогаш изберете ја оваа опција. Вашите респонденти ќе го видат селекторот на јазик со сите достапни јазични верзии на анкетата.

За да креирате јазична верзија, прво изберете ја јазичната дестинација на Вашиот превод.

Ставете ги преводите на прашањата и опциите за одговарање во соодветните полиња. Под секое прашање, ќе го видите копчето означено со „Зачувај“.

Притиснете го секој пат кога ќе го завршите преводот на секое прашање.

Откако ќе притиснете на копчето означено со „Зачувај“ под прашањето, тоа ќе стане зелено, а тоа значи дека преводот на прашањето на избраниот јазик е зачувано во системот на Examinare.

Доколку сакате да ја отстраните моменталната јазична верзија, притиснете на копчето означено со „Отстрани“, во горниот десен агол на страницата. Имајте предвид дека оваа активност не може да биде вратена во првобитната функција.

Внесете ги преводите и зачувајте ги за сите прашања во Вашата анкета за да ја заокружите јазичната верзија.

Имајте предвид дека ако направите одредени промени во текстот на оргиналното прашање, исто така ќе треба и да ја измените јазичната верзија на прашањето; Во спротивно, постои можност да не функционира преводот на прашањето.

Креирајте посебна јазична верзија на Вашата анкетна датотека

Доколку не сакате да внесете опција за менување јазик во Вашата анкета и, наместо тоа, сакате да креирате посебна јазична верзија од анкетата, тогаш изберете ја Конзолата за преведување.

Таму, изберете го јазикот на којшто ја преведувате анкетата и пополнете ги соодветните полиња за превод. На дното на страницата, ќе го најдете копчето „Зачувај во датотеката за превод“. Тоа ќе ја состави „examinare“ датотеката којашто може да биде внесена во делот за анкети во системот на Examinare, а потоа да биде ажурирана на вообичаениот начин.

Доколку сакате да ја преведете претходно-внесената Examinare датотека на друг јазик, посетете го одделот за внесување на Конзолата за превод на