Алатки за анкета
 

ЧПП (Често поставувани прашања)

Зошто има две опции за вклучување?

Првото вклучување е за Вашата зона на потрошувачи. Во оваа зона, ги средувате вашите сметки и договори. Алатката за анкети има своја опција за вклучување и е заштитена од податоците на сметките. Во одредени случаи, управувачите ги средуваат сметките а вработените се вклучуваат само во алатката за анкети.

Како функционира плаќањето преку картичка?

Вашиот профил е продолжен 1 месец по завршувањето на пробниот период и во исто време секој месец. Тоа значи дека ако се регистрирате на 14ти јуни, на пример, пробниот период ќе заврши на 21ви јуни а потоа првата рата во месецот ќе биде повлечена од Вашата кредитна картичка.

Што ако ми е одбиено плаќањето?

Ако Ви го одбијат плаќањето, тогаш нашиот систем повеќекратно ќе се обиде да го изврши во наредните 3 денови. Ако плаќањето сепак не биде успешно извршено, договорот ќе биде прекинат и сите податци ќе бидат избришани.

Како да ја ажурирам мојата кредитна картичка?

Доколку се вклучите во зоната за потрошувачи, оттаму ќе можете да ги ажурирате податоците на Вашата кредитна картичка. Откако ќе ги ажурирате податоците, системот ќе се рестартира со нови податоци.

Што ако сакам да ја надградам услугата?

Контактирајте го тимот за продажба и тие ќе ја ажурираат за вас. Во некои случаи, Вие ќе треба да потпишете дигитален документ во зоната за потрошувачи.

Може ли да платам преку трансакциска сметка?

Можете директно да аплицирате онлајн за да платите во форма на годишна сметка или сметка основана на проект преку пополнување на образец, по што ќе добиете одобрување или информација за тоа како да се квалификувате. Погледнете го линкот подолу:

https://myzone.examinare.com/mk/contract/

Дали можам да ја паузирам услугата и потоа да ја активирам повторно?

Не поддржуваме бесплатен „паркинг“ во услугата. Сепак, постои можност за „паркирање“ на Вашите податоци до 9 месеци според одреден паричен надомест. Контактирајте го тимот за продажба за да дознаете колку би Ве чинело тоа. За време на „паркирањето,“ нема да работат екстерните услуги кои не се ограничени на вклучување и API функции.